Со тестирање на пријавените кандидати за реонски попишувачи и инструктори започнаа активностите за спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија.
Во просториите на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани денеска и утре ќе бидат тестирани 156 кандидати кои се пријавиле на јавниот конкурс за попишувачи .
-Од денеска започна полагањето на кандидатите кои ќе се вклучат во процесот на попишување. Денес имаме осум групи кои полагаат во четири термини, а полагањето продолжува и утре во три групи. Вкупно има пријавено 156 кандидати за попишувачи. Кандидатите кои ќе го поминат тестирањето ќе бидат предложени до Државниот завод за статистика кој пак избраните ќе ги објави најдоцна до 17 март 2021 на веб-страницата на Државниот завод за статистика и веб-страницата на Општина Кочани – рече Александар Јосифов, претседател на Комисијата за Пописен реон 13.
Тестирање го следат и двајца инструктори од Државниот завод за статистика кои се мониторинг на процесот.
Општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево спаѓаат во 13 Пописен реон за кој се потребни 104 попишувачи.
Комисијата за Пописниот реон 13 ја сочинуваат вкупно пет лица, од кои тројца членови од Општина Кочани, двајца од Општина Чешиново-Облешево и еден член од Општина Зрновци.
И. Матеничарски
Фото: A. Арсов