Започнува празнувањето на големиот христијански празник Велигден

Православните христијани в недела го прославуваат Христовото Воскресение – Велигден, најголемиот христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Од утре, Велики четврток со служење на Утрена литургија посветена на Свети Василиј Велики  започнува празнувањето на големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден.

-Утре со почеток во 7 ч. ќе се отслужи Утрена Богослужба со Света Божествена литургија по којашто според традицијата ќе се изврши  општ маслосвет. Попладнето  со почеток од 17 ч. ќе бидат читани страдалните 12 Евангелија Христови. На Велики Петок ќе се отслужат Царските часови, ќе биде изнесена Светата Плаштеницата и тековно ќе си течат сите активности околу поклонувањето на верниците. Верниците кои сакаат да се поколонат на Светата Плаштеница може да дојдат во храмот  со што апелираме и ги замолуваме да ги почитуваат сите мерки и протоколи кои се пропишани од надлежните. Во петокот со почеток од 17 ч. ќе се отслужи Богослужба каде ќе се отпеат статиите и опелното погребение Христово, истакна Димитар Арсовски, свештенослужител во храмот „Св.Вмч Георгиј“ – Кочани.

Од храмот „Св.Вмч Георгиј“ додадоа дека во сабота, на Велика Сабота со почеток од 08 ч. ќе се отслужи Света Василева литургија, додека вечерта, точно на полноќ пред верниците ќе биде објавено Воскресението Христово, по што ќе се продолжи со Утрена Паскална Богослужба и Света Божетвена литургија.

Точно на Велигден, в недела во храмот ќе биде отслужена Света Божествена литургија со читање на евангелија на различни јазици.

На првиот ден од Велигден, в понеделник по традиција е најавено присуство на Митрополитот Брегалнички, г-дин Иларион кој ќе чиноначелствува на Утрената Света Архиерејска литургија.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА ВО ХРАМОТ „СВ. ВМЧ. ГЕОРГИЈ“ – КОЧАНИ ВО 2021 ЛЕТО ГОСПОДОВО

29.04 – ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК 07.00 часот – Утрена со Литургија на Свети Василиј Велики По светата Литургија ќе се изврши света тајна Маслосвет за исцеление на болни (Елеосвештение).17.00 часот – читање на 12 Евангелија за Христовите страданија.

30.04 – ВЕЛИКИ ПЕТОК07.00 часот – Читање на Царски часови со Велика вечерна и изнесување на Светата Плаштаница.17.00 часот – Оплакување на Спасителот Господ Исус Христос со пеење на статиите

01.05 – ВЕЛИКА САБОТА 07.00 часот – Вечерна со Литургија на Свети Василиј Велики.23:30 часот – Полуноќница со биење на камбаните

02.05 – ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО (ВЕЛИГДЕН)00.00 – Објавување на Воскресението Христово, Пасхална утрена и Света Златоустова Литургија.08.00 часот – Златоустова Литургија (во крстилницата) со читање на Светото Евангелие на разни јазици

03.05- ВЕЛИГДЕН – 2 ден 07.00 часот – Утрена со Света Архиерејска Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион.16.00 часот – Празнична вечерна04.05 – ВЕЛИГДЕН

– 3 ден 07.00 часот- Утрена и Света Златоустова Литургија.16.00 часот – Празнична вечерна

05.05 – НАВЕЧЕРИЕ НА СВ. ВМЧ. ГЕОРГИЈ16.00 часот- Празнична вечерна

06.05 – СВ. ВМЧ. ГЕОРГИЈ07.00 часот – Празнична утрена со Света Божествена Литургија07.05 – ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА 07.00 – Утрена и Света Златоустова Литургија, по која ќе се изврши водосвет16.00 часот – Празнична вечерна

Сподели: