Започнува со работа зелениот и сточен пазар во Облешево

Од  следниот вторник  започнува со работа зелениот и сточен пазар во Облешево, кој беше затворен од  16-ти март , како превентивна мерка за заштита од болеста КОВИД-19.

Иако состојбата се нормализира, од општина Чешиново-Облешево потсетуваат граѓаните доследно да ги почитуваат задолжителните препораки на Владата. Продавачите и посетителите потребно е да носат заштитна маска, а при посетата и престојот на пазарот, купувачите да одржуваат социјална дистанца и да се избегнуват гужви на тезгите.

Од Општината додаваат дека останува да важи забраната за продажба на свињи, поради болеста Африканска чума кај свињите.

И.Матеничарски

Сподели: