На 13.11.2020 година (петок) со почеток од 10 часот , во Центарот за култура ќе започне реализацијата на 8-та по ред Младинска ликовна колонија “Св. Пантелејмон” 2020 која ќе трае три дена до 15.11.2020 година (недела).
Оваа година поради Ковид 19 во истата ќе земат учество талентирани ученици од градот Кочани. Учесници се: Павел Николов 18год, Мима Војновска 18год, Ангела Иванова 18год., Ивона Здравева 17год., Нина Савева 16год, Елена Стојанова 16год. и Давид Јоаифов 15 год.
По завршување на ликовната колонија е планирана и изложба на изработените дела за која дополнително ќе биде информирана јавноста.
Оваа Младинска ликовна колонија е под менторство на Проф. м-р Александра Димитрова стручен соработник за визуелни уметности.
Проектот е во организација на НУЦК “Бели мугри” – Кочани и е во годишната програма во делот на визуелни уметности, финансиран од Министерство за култура на Република Северна Македонија.
НУЦК „Бели мугри“ Кочани