Засадени нови садници туја на влезот во Кочани

Во пресрет на Денот на екологијата, Општина Кочани и Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ ја продолжија пролетната акција за озеленување на градот.

Шеесет садници од туја денеска беа засадени долж улицата „Димитар Влахов“ до спојот со „Павлина Велјанова“, над Градскиот базен.

– Оваа година Програмата за заштита на животната средина за зголемивме за 2 милиона и 100 илјади денари во однос на лани, што значи за активности и прашања од оваа сфера наменивме вкупно 3.650.000 денари. Со овие средства ги субвенционираме граѓаните во набавките на нови грејни тела – печки на пелети и инвертер-клими, како и во набавка на велосипеди. Соработуваме со Комуналното претпријатие и со граѓанскиот сектор во акции за подобрување на животната средина – истакна градоначалникот Николчо Илијев.


Садници од бреза и јавор деновиве се засадени и на детските игралишта на улиците „Охридска“ и „Скопска“, а викендов ќе се озеленуваат и жардиниерите од десната страна на улицата „Тодосија Паунов“.

Сподели: