Под мотото „Засади иднина“ Граѓанската иницијатива „За чист воздух“ од Кочани денес ја реализираше планираната акција за пошумување на Осоговските планини.
Во близина на Градската депонија педесетина граѓани засадија околу илјада садници бор чемпрес, обезбедени со поддршка на Општина Кочани.
Акцијата се спроведе во рамки на активностите на граѓанската иницијатива за борба против аерозагадувањето во Кочани, како и обновување на шумскиот фонд на Осоговските планини.