Под мотото „Засади иднина“, Граѓанската иницијатива „За чист воздух“ од Кочани в недела 08.12.2019 година со почеток од 11:00 часот организира акција за пошумување на опожарените предели кај Градската депонија во Кочани. Планирано е да се засадат околу 1 000 садници бор од видот чемпрес,обезбедени од Општина Кочани.
Зинтересираните граѓани кои сакаат да се вклучат во акцијата пожелно е со себе да понесат и соодветен алат. Од Граѓанската иницијатива апелираат на што поголема масовност.
И.Матеничарски