На 09.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 18 прекршоци, од кои 14 во населено место и 4 надвор од населено место.
Санкционирани биле и 62 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 46 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.