Засилени полициски контроли за време на викендов

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Штип во текот на вчерашниот ден и денес спроведуваат засилени акциски контроли на учесниците во сообраќајот при што изречени се глоби за различни прекршоци на сообраќајните правила и прописи.

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 07.00 до 11.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 36 прекршоци, од кои 20 надвор од населено место и 16 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Исто така во текот на вчерашниот ден и денес, во периодот од 20.00 до 02.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Од извршената контрола било констатирано дека 18 возачи упарвувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 38 останати прекршоци, информираат од СВР-Штип.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: