Општинските служби денеска ги затворија детските игралишта во градот. Тие поставија лента со која се означува забрана за нивно користење од страна на граѓаните. Од општината повикуваат младите и возрасните најстрого да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство и Владата за заштита од болеста КОВИД-19.
Со оваа мерка ќе се спречат најмалите сограѓани да ги користат игралиштата, ако се земе предвид дека изминативе денови, тие беа место каде добар дел од родителите со своите деца го поминуваа денот и покрај препораките да се седи дома.
И.Матеничарски