Членот на Ротари клубот „Кочани – Виница“, Зафир Наков ја презеде функцијата претседател на кочанските и винички ротаријанци од досегашниот прв човек Сашко Андонов.

Официјалното примопредавање на претседателската функција доаѓа откако претходно Наков на Годишната конференција на Ротари клубот „Кочани – Виница“ од страна на ротаријаницiте беше избран за претседател за мандатниот период 2023/2024 год.

– Чест ми е што ја презедов функцијата претседател на Ротари клубот „Кочани – Виница“. Со поддршка на ротаријанците продолжуваме по зацртаните патеки на нашето друштво, традиционалните активности и секако новитети кои бидат реализирани и ќе остават белег во годината во која ќе го предводам Ротари клубот, истакна Наков.

Прецедателството на Наков започнува од 1 јули кога и официјално е стартот на ротаријанската година, а според правилата секоја година наесен на годишна конференција се одбира идниот претседател за следниот мандат.

Ротари клубот „Кочани – Виница“ успешно ја заврши ротаријанската година за што говори и фактот дека на последната седница на Сојузот на Ротари клубови на Македонија за Ротаријанската 2022/2023 год. доби четири признанија за најуспешен клуб во Македонија.

Членот Зоран Тодоров, од страна на Сојузот на Ротaри клубови во Македонија, воедно доби признание за особен придонес во работењето на Дистрикт 1912.
И. Матеничарски


