За два дена две пријави на нападнати граѓани од кучиња во Кочани

За два дена во Полициската станица – Кочани двајца граѓани пријавиле дека биле каснати од кучиња на улици во Кочани.

Според пријавите, во првиот случај станува збор за домашен миленик, додека во вториот случај се работи за куче скитник.

Како што информираат од МВР, на 09.12.2020 во 16.00 часот во Полициската станица Кочани, М.М.(68) од Кочани пријавил дека околу 14.30 часот на ул. „Рајко Жинзифов“ во Кочани бил каснат од куче сопственост на В.Т. од Кочани.По документирање на случајот против В.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така, на ден 10.12.2020 во 22:00 часот во Полициската станица Кочани, Д.С (45) од Кочани пријавила дека на ул. „9 Мај“ во Кочани била касната од куче скитник.

Извор: Дневен билтен СВР – Штип

Сподели: