По повод големиот Македонски празник „Илинден“ тричлена експедиција на планинари на Осогово од Кочани ке ја започнат експидицијата и еден од најголемите предизвици за сите планинари искачувањето на највисокиот врв во Турција врвот Арарат со 5137мнв.
Арарат кој се наоѓа во Турција на границата со Иран и Ерменија и со својата височина од 5.137 метри навистина претставува голем предизвик.
„Ова лето ни се укажува можност да учествуваме со 3 наши членови во меѓународна планинарска акција во искачување на највисокиот врв на Турција, еден од најмаркантните врвови во светот, врвот Арарат со висина од 5.137 мнв. Овој врв се наоѓа во Турција на границата со Иран и Ерменија и навистина претставува голем предизвик за секој планинар. Планината може да се искачува само со издадена дозвола и во придружба на ополномоштен водич од Турција што укажува на тоа дека искачувањето на овој врв е ретко и специфично. Планираното време за оваа акција е од 02.08.2020 г. до 09.08.2020 г. До сега, од нашиот град и пошироко никој сеуште го нема искачено овој врв и токму заради тоа и нашето планирано искачување го прави уште повредно како еден вид успех за нашиот град во рамките на овој спорт“ ни соопшти Тошо Антов – Претседател на ПСК „Осогово