За Македонците

-по стапките на Блаже-

НЕ СМЕ БУГАРИ или ,,Кралевина Македонија,, ПРЕД ФАКТИТЕ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ

Почнуваат и јавно да се поставуваат приговорите дека “друго било Бугарин и бугарски јазик, а друго Македонец и македонски јазик” и отворено да се реагира: “Ние сме Македонци, не сме Бугари”.

И кога барањата станаа јавни, се виде принуден и самиот П. Р. Славејков на 18 јануари 1871 год. отворено да настапи со статијата под јасен наслов “Македонското прашање”, во која признава дека “уште пред десетина години од некои Македонци” ја слушал таа идеологија што сега веќе прераснала во “мисла што мнозина сакаат да ја спроведат во живот”.

Тој “многу пати” слушал од овие идеолози дека Македонците не се Бугари и дека тие отворено му изјавувале: “Се откинавме од Грците, под други ли да паднеме?”.Во Македонија постоеше изразита жед за учебници на македонски јазик. Во 1872 год. кукушкиот учител Венијамин Мачуковски најави дека има подготвено граматика на “македонското наречје” и бара претплатници за објавување.

Тоа предизвика најжестока фронтална реакција во бугарскиот печат во Цариград и Букурешт, бидејќи ќе значеше кодификација на еден посебен литературен стандард. Таа полемика уште повеќе го засили македонското национално движење. Во моментот кога се пренесуваат слухови за спогодба на Бугарската егзархија со Патријаршијата за сметка на македонските епархии, шест големи македонски епархии, по пропаѓањето на обидот да ги извојуваат своите права преку протестантизмот, одново го подигнуваат прашањето за унија со Римската црква и се поведуваат разговори за вклучување на цела Македонија во ова национално-политичко движење.

Оценувајќи дека Егзархијата конечно ги губи македонските епархии, бугарскиот егзарх, пак со помошта и на руската дипломатија, во почетокот на 1874 год. го испраќа П. Р. Славејков во Солун со специјална тајна мисија да ја неутрализира унијата во Македонија.Но македонскиот народ е посебен од бугарскиот, македонскиот јазик не е бугарски, Македонците треба да имаат своја црковна хиерархија и сопствена национална просвета.Ѓорѓија М. Пулевски во Белград го објави својот (втор) “Речник од три језика с.(славјанско)македонски, арбански и турски”, каде што ги изложи и контурите на македонската национална програма: “Нашето отечество се велит Македонија и мие се именуваме с.(лавјано)Македонци, бидејќи “и Македонциве се народ и местово нивно е Македонија”, а “македонскијот јазик је најсроден со црковно-славјанските книги и тој је старославјански”.

Во 1876 година избувна Српско-турската војна. Македонската национална програма веќе беше конципирана и проверена во народното движење. Како резултат на тоа се крена и првото националноослободително македонско востание – Разловечкото. Тоа беше синхронизирано со Босанско-херцеговското и со Априлското бугарско востание, но си имаше своја програма и сопствени цели. Источната криза дојде по Цариградската амбасадорска конференција (1876-1877) што го разгледуваше и предлогот за една посебна биполарна држава Бугарија, составена од две автономни области со посебни престолнички центри – Трново за Бугарија и Софија за Македонија – по угледот на тогаш скоро востановената дуалистичка монархија Австро-Унгарија (1867). Тоа беше и првиот меѓународен форум што непосредно ја тангираше судбината на Македонија и Македонците како субјект. Како продолжение на Источната криза избувна и Руско-турската војна (1877-78). Таа заврши со Санстефанскиот прелиминарен договор што предвидуваше да ги вклучи сите епархии на Бугарската егзархија во една голема Бугарија на Балканот. Од Македонците тој беше сфатен како реализација на заклучоците на Цариградската конференција за создавање биполарна држава и затоа мечтаеја за “кралевина македонска”.

Бидејќи предизвика голема реакција и во соседството и кај големите сили, прелиминарниот договор беше ревидиран со Берлинскиот договор (1878), кога беше создадено вазалното Кнежевство Бугарија, беше дадена автономија на Источна Румелија, а Македонија и беше вратена на Турција со магливи ветувања за автономија. Меѓутоа, соседите со сите сили и средства ја спречуваа таа автономија, а Турција мошне успешно ја одлагаше преземената обврска. Но тој недоволно конкретизиран чл. 23 со меѓународно ветената автономија, иако изречно не ја ни спомнуваше Македонија, стана програмска надеж што се рефлектира во сите натамошни акции на Македонците во ослободителната борба. (Користена лутература-Блаже Ристоски).

Гоце Марков

Сподели: