„За нашите мајки“ – Осмомартовски концерт на ООМУ „Ристо Јуруков“

Под наслов „За нашите мајки“ учениците и професорите од  основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ – Кочани пред кочанската публика изведоа едночасовен музички концерт по повод празникот  8 – Ми Март, Меѓународниот ден на жената.

На концертот ученици се претставија со вокално – инструментални музички точки, а свој настап имаше и детскиот хор при кочанското основно музичко училиште.

– Концертот „За нашите мајки“ го посветуваме на сите мајки, наши поддржувачи во животот, оние кои ни се ветар во грб во секоја ситуација. Концерот се реализира за прв пат оваа година по повод 8 – ми Март, Денот на мајката, жената. На програмата имаме соло точки од сите оддели и тоа на пиано, виолина, гитара, хармоника  и традициски инструменти.  Свој настап има и малиот хор при училиштето со песни за нашите мајки, истакна Марија Лазарова, директорка на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани.

Осмомартовски музички концерт ООМУ „Ристо Јуруков“ ќе прикаже и во Домот на културата во Виница, на 9 –ти март, четврток, со почеток од 18 ч.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: