За три години во развојот на туризмот на Пониква се инвестирани над 150 милиони денари

Брифингот со повеќе од 20 медиумски работници од регионот, што градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев го одржа во петокот, на 5 февруари, беше посветен на промоција на Пониква и на Осоговските Планини, а не на личности или функционери.

Податокот дека само во еден викенд на Пониква имало повеќе од 5 илјади посетители е показател дека инвестициите за развој на туризмот даваат резултат.

Само за три години на Пониква се вложени повеќе од 150 милиони денари. Тоа говори за менаџирање, а не за партиска политика. Граѓаните се благодарни за моторните санки, топовите за вештачки снег и донацијата од МЕПСО на Пониква, но само кога се во функција и тоа на сите посетители.

Промоцијата на Осоговските Планини ќе продолжи и натаму, уште еднаш им благодариме на медиумите за просторот што му го отстапуваат на единствениот зимски рекреативен центар на Истокот.

Кабинет на Градоначалникот на Општина Кочани

Сподели: