За 2021 година Општината за капитални инвестиции планира буџет тежок над 300 милиони денари

Споредбено со изминативе години Општина Кочани за 2021 година планира највисок  буџет за капитални инвестиции досега кој надминува  300 милиони денари.

-Очекувам дека со буџетот за 2021 година ќе успееме сите улици и инфраструктурни проблеми на граѓаните да ги решиме. Ќе се гради булевар на улицата „Стево Теодосиевски“, кружни текови на булеварот „Тодосија Паунов“ и целосна реконструкција на Градскиот парк.  Планирана е реконстуркција и изградба на повеќе улици во Кочани и со тоа сметам дека наредната година ќе прогласиме град без кал, рече градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

Во рамките на 49. седница на Советот на Општина Кочани закажана за утре, 16 декември, советниците ќе расправаат за Нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2021 година.

Сподели: