ЗГ „Јунајтед Јут“ – зајакнување на младинскиот активизам и промоција на нови можности за младите во Кочани

ЗГ „Јунајтед Јут“ е граѓанско здружение од Кочани кое активно работи во областа на неформалното образование како и промоција на млади со ограничени можности во општеството.

Како ново здружение кое се заснова на волонтерска работа досега има реализирано неколку позначајни обуки и активности, особено за доближување на Еразмус + програмата до младата популација.

За активностите, проектите и плановите за во иднина разговаравме со Костадин Рунчев, претседател на ЗГ „Јунајтед Јут“ од Кочани.

Со што се занимава здружението „Јунајред Јут“?

Здружението на граѓани „ЈУНАЈТЕД ЈУТ“ од Кочани веќе една година активно работи во областа на неформалното образование и активно е вклучено во процесот на промоција на лица со помалку можности. Здружението активно промовира млади со ограничени можности кои немаат можност за социјална афирмација и промоција пред општеството.

Кои се позначајни активности на здружението?

За време на пандемијата, „ЈУНАЈТЕД ЈУТ“ организираше низа активности во 2020 година од кои како позначајни се издвојуваат online обуката за доближување на младите до Ерасмус+ програмата и European Solidarity Corp. Преку овие состаноци младите имаа можност да се доближат до ЕУ програми за едукација, но и за можностите за интернационална промоција и афирмација пред пазарот на трудот. Во текот на овој период беа реализирани обуки во неколку градови од источна Македонија: Виница, Делчево, Берово, Кочани и Струмица. Во текот на овој процес, преставници на здружението престојуваа во Крушево преку која што учествуваа во дебата за промоција на културата и традицијата на Македонија пред ЕУ заедница.
Во текот на овој период беа реализирани следните активности:

Green photo for environmental promotion – Пониква, Кочани

Health benefits of clamping and hill walking – Смолари, Струмица

Social promotion of young people through Erasmus + – Голак, Делчево

Say NO to racism – Мокрино, Струмица

Building the green way – Берово

Stand up for human rights – Пониква, Кочани

Protecting youth mental health, protecting our feature – Берово

We are all equal – Виничко кале, Виница

The cultural mobilization in the C19 pandemic – Крушево

Moving mountains for mental health and well-being – Пониква, Кочани

Кои можности ги нуди здружението на локално ниво?

„ЗГ ЈУНАЈТЕД ЈУТ“ одржува обуки за доближување на младите до ЕУ програми и нивна ЕУ афирмација и промоција. Преку активности од областа на неформалното учење младите имаат можност да се доближат до програмите преку кои младите ќе имаат можност да се промовираат пред пазарот на трудот но и да ги подобрат своите компентеции. Преку овие обуки сите заинтересирани странки ќе имаат можност да се доближат до новата Ерасмус + 2021-2027 програма, ECS – можности за волонтирање во ЕУ, Youth pass сертификатот како доказ за учество во ЕУ проект и останати можности за ЕУ стажирање и практиканство.

Кои можности ги нуди здружението на Европско ниво?

„ЈУНАЈТЕД ЈУТ“ активно е вклучен во повеќе интернационални соработки поддржани од Ерасмус+ програмата низ цела ЕУ. Преку овие проекти младите од општина Кочани и нашата држава ќе имаат можност за патување, стекнување на пријателства, доближување до ЕУ култура и традиции но и дополнителна едукација. Здружението е веќе партнер на проекти во следните ЕУ држави: Германија, Португалија, Естонија, Данска, Франција, Турција, Кипар, Грузија и Полска.
Се уште ги очекуваме информациите за последниот апликативен рок и се надеваме дека ќе бидеме партнери на проекти и во други ЕУ држави.

Какви активности спроведе здружението пред новогодишните празници?

Во периодот на пред новогодишните празници „ЈУНАЈТЕД ЈУТ“ спроведе активност со која им доделни пакетчиња на децата со посебни потреби и аутизам во општините Кочани, Виница, М Каменица, Делчево и Штип. Оваа активност беше реализирана со помош на компаниите „МАКПРОГРЕС“ Виница и „ОФИС ЕКСПРЕС“ Кочани. Преку оваа активност посветивме внимание и време за оние на кои им е најпотребно – младите и лицата со посебни потреби.

Каква порака ќе испратите до младите и до останатите заинтересирани лица за соработка?

Преку оваа промоција сакаме да ги поттикнеме младите активно да се вклучат во младинската работа и да бидат дел од активности за позитивни промени во нашата општина. Преку учество во активности од областа на неформалното учење тие ќе имаат можност да се промовират пред јавноста но и да бидат дел од нови соработки и интернационални проекти. Во следниот период ќе организираме активности за поддршка на младите и нивна социјална промоција пред општеството, па доколку сте заинтересирани ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ!

Сите заинтересирани  слободно може да не контактираат на:

Email: ngounitedyouth@gmail.com

Facebook: https://www.facebook.com/ngounitedyouth

Facebook group: https://www.facebook.com/groups/280006953154910

Telephone: Славица 075375665

или да не посетат во канцеларијата на здружението на улицата „Димитар Влахов“,  во стариот дел на Трговскиот центар.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial