ЗГ „Јунајтед Јут“ учесник на Еразмус + размена во Норвешка на тема „Инклузивно општество“

Десетмина преставници на организацијата „Јунајтед Јут“ учествуваа на Младинска размена во Хамар, Норвешка на тема „Инклузивно општество“ на која учествуваат младинци од пет земји Норвешка, Македонија, Турција, Литванија и Велика Британија.

Учесниците беа активно вклучени во различни активности од областа на не формалното образование преку кои имаа можност да го подобрат своето знаење, своите вештини и искуства во областа на инклузивното општество. Во текот на оваа младинска размена учесниците имаа можност да ги промовираат националните и традиционалните културни знаменитости на Р. Македонија преку организација на интеркулутрна вечер.

Преставниците на нашата организација учетсвуваа во процесот на изработка на видео кое е ќе се користи како метод за подигање на јавната свест низ Европа за еднакви права на маргинализраните и младите со помалку можности. Во текот на оваа соработка учесниците дизајнираа и буклет – онлине дигитален прирачник кој што ќе се користи како излезен резултат од оваа соработка. Во текот на младинската размена учесниците имаа можност да ги посетат и ОСЛО, ЛИЛЕ ХАМЕР и ДРЕМЕН и да се запознаат со локалната култура и традиција.

ЗГ „Јунајтед Јут“

Сподели: