По повод 15 Октомври “ денот на белиот стап” симболот на слепиот човек, здружението на Слепи и слабовиди лица од Кочани секоја година приредува програма за достојно одбележување на овој ден.
Славењето на 15 Октомври како меѓународен ден на белиот стап службено започнало во 1964 година, на иницијатива на многу бројни здруженија за Рехабилитација во Америка. Конгресот во 1964 година го овластил Претседателот Lyndon B.Johnson да 15-ти Октомври да го прогласи за светски ден на белиот стап и да се одбележува во целиот свет.
Овој ден се одбележува и во нашата земја. Имено белиот стап како симбол на слепите лица е воведен во 1981година како би им го олеснил движењето на слепите лица мегу автомобилите.
Националниот сојуз на слепите лица на Република Северна Македонија е формиран во далечната 1946година, која речиси 7 децении дејствува како национална, инвалидска, непартиска, непрофитна, хуманитарна организација од особено општествено значење во која што и Здружението на слепи лица од Кочани е член.
Поради ситуацијата на светско ниво со корона вирусот и забраните што ги воведоа сите држави па и нашата за придржување на протоколите за собир оваа година светскиот ден на белиот стап ке се одбележи традиционално но со помал број на членови без поголеми собирања и манифестации.
Во изминативе години овој ден е одбележан масовно со вклучување и на побратимото Здружението на слепи лица од Благоевград соседна Р.Бугарија со кое што се реализирани и заеднички соработки на повеке проекти за подобрување на животот на слепите лица од двете општини.
Во тековниот период здружението вложува сретства и внимание на ажурирање на списокон на членови прв пат во последните 20 години.
За жал но како резултат на доброто работење на здружението
Кон зачленување пристапија и голем број нови членови со што
и понатаму остануваме со епитетот најголемо и едно од најактивните
во Македонија.
Со почит
Здружение на слепи лица Кочани