Здружение на дијабетичари – Кочани: Во Кочани се откриваат по 100 нови дијабетичари годишно

Околу 100 тина нови дијабетичари се откриваат годишно во Кочани.  Од нив половина се со инсулинска терапија. Бројката на дијабетичари постојано е во пораст. Во делот на превенцијата Здружението на дијабетичари од  Кочани организираше онлајн предавање на  тема „Превенција и рано откривање на дијабетесот“ .  Оваа година 14 ноември Свесткот ден на дијабетесот е посветен на Медицинските сестри дијабетолошки односно медицинските сестри од центрите за дијабетес.

Претседателот на Здружението на дијабетичари Кочани истакна дека постојано се зголемува бројот на дијабетичари но ја истакна и   поразителната бројка на лица со дијабет во целата држава која постојано расте и не го одминува ниту Кочани.

-Светската дијабетолошка асоцијација 14-ти ноември го има прогласено за ден на борба против дијабетесот и ние како здружение и членка на сојузот на здружение на дијабетичари се вклучивме во прославата, овојпат со оглед на ситуацијата со вирусот самата прослава беше виртуелна. Имавме вклучување виртуелно на кое што беа вклучени повеќе членови од државата, а како говорници беа претседателот на националната комисија за диабетес д-р Ирфан Ахмети, а од Владата како претставник говореше советникот за труд и социјална политика Милан Живкович. Ние во текот на оваа година успеавме да воведеме два нови типа на инсулин, но нашите барања не застануваат овде затоа што постојано има новитети во лекувањето на инсулинот на дијабетесот, се воведуваат и нови инсулини, но и нови методи на контрола на дијабетесот, истакна Јордан Синадинов, претседател на Здружението на дијабетичари од Кочани

Во државата имаме 140 илади  лица со дијабетес од кои 40 илјади се зависни од инсулин. Во состојба на пандемија со КОВИД 19  дијабетичарите имаат проблем да дојдат и до лекар интернист  за продолжување на терапијата и за контрола на здравствената состојба.

– Во Кочани оваа бројка е некаде околу 2500 лица со дијабетес и 700 се инсулин зависни. За жал, како и секоја година така и сега спомнувам дека се повеќе старосната граница се спушта па еве и оваа година имаме повторно две нови дечиња со дијабетес, за жал, а и останатата старосна граница е се пониска. Како и за сите останати хроночни заболувања и контролите на дијабетичарите е отежната.Сакам сега да упатам еден апел до дијабетичарите да внимаваат на своето здравје со оглед на оваа ситуација, препораките важат и за нас, посебно внимание на терапијата, почесто мерење на шеќерот, проверка на кетони во мокрачата и следење на препораките од своите матични лекари, додаде Синадинов.

Сите 25 здруженија во републиката организираа настани согласно протоколите за Ковид 19 на кои беше потенцирана улогата на медицинските сестри за грижата за дијабетесот.

Сподели: