По неколку месечна пауза поради состојбата со коронавирусот, претседателите на здруженијата на пензионери од Кочани, Берово, Пехчево и М. Каменица одржаа седница на која се разгледуваа можностите за одржување на регионални спортски натпревари, музички концерти, игри и песни и други активности од регионален карактер.
Од оправдани причини на седницата не беа присутни претседателите од Виница и Берово.
Заклучокот од одржаната седница е дека Здруженијата ќе работат ангажирано да се реализираат регионалните натпревари и настапи во зависност од условите на пандемиската состојба. Беше нагласено дека ќе сторат се за да се одржат, но само доколку нема ниту мал ризик за здравјето на учесниците и другите активисти.
На седницата беа запазени сите протоколи во однос на заштита од КОВИД -19, а салата уредена според протоколи на здравствените институции.
Седница беше одржана на иницијатива на претседателот на ЗП Кочани, Ѓорги Серафимов. Присутните гости претседатели, му искажаа благодарност за иницијативата и упатија честитки за обезбедените одлични услови за одржување на средба во време на пандемија.
*Архивска фотографија