Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, информира дека од денеска, сите корисници на финансиска поддршка во земјоделството, можат да аплицираат за добивање на субвенции за земјоделството.
Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.
Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат воДокументите се поднесуваат во канцелариите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Подрачна единица Кочани.
Со цел да се спречат вообичаените гужви, ќе се изготват списоци по азбучен ред. Онаму каде што има потреба ќе се воведе двосменско работење, вработените ќе функционираат во тимови со цел да се спречи појава на ковид – 19 и да се редуцира бројот на оператори во одреден простор како и бројот на апликанти. За работа во смени помеѓу првата и втората смена ќе има празен период од половина час за да се избегне контакт меѓу двете смени и просториите да може да се дезинфицираат.