Ланецот „Зендолино“ маркети го отвори својот нов маркет, прв во главниот град Скопје, што ја покажува успешната приказна, квалитетот и напредокот на реномираната штипска компанија.
Маркетот во Скопје е осми продажен објект на „Зендолино“ , а во Истокот на државата „Зендолино“ е присутен и во Штип, Кочани, Свети Николе, Струмица и Пробиштип.
Новиот маркет нуди широк асортиман на производи, голем избор на свежо конфекционирано месо и свежо овошје и зеленчук. Маркетот располага со сопствен паркинг, три наплатни каси, а за квалитетот на услугата да биде на највисокото ниво се грижи тим од 14 вработени.
-Се наоѓаме во новоотворениот маркет во Скопје. Ние сме бренд кој функционира од 1992 година, имаме маркети во Штип, Кочани, Свети Николе, Струмица и Пробиштип, а сега ќе бидеме достапни и во Скопје. Повелетe зошто ние сме најдобри и ќе докажеме дека сме најдобри и дека мислиме на сите вас. Од денес ќе ви станеме омилено место за набавка на вашите домашни и омилени продукти и ве очекуваме.“ – истакна Влатко Причков, раководител на маркетот.
Новиот маркет на „Зендолино“ во Скопје се наоѓа веднаш наспроти Министерството за внатрешни работи, во населбата Кисела Вода во Скопје.
Успешната приказна на „Зендолино“ маркети не завршува овде. Според најавите на менаџментот, веќе се размислува за понатамошно проширување со единствена цел за поголема достапност до потрошувачите.