Со идеја за реализирање приватен бизнис, упорност и добар менаџмент, трговската компанија „Зендолино комерц“ во 1995 година започнува со трговија на мало, отворајќи ланец на супермаркети во Штип.
Веќе 25 години компанијата успешно го гради својот бренд, кој сега веќе е препознатлив во уште 4 града во Источна Македонија. Присутни се во Струмица, Свети Николе, Кочани, а од пред неколку дена, официjално се отвори и супермаркетот под брендот „Зендолино“ во Пробиштип, одбележувајќи на тој начин четврт век од своето постоење.
И во услови на криза 100-тина вработени кои се дел од тимот на „Зендолино комерц“ успеваат да обезбедат непречена функционалност и во овие вонредни услови на работење.
Успешниот препознатлив бренд е менаџиран од сопственикот на компанијата, Ѓоше Зенделов, а мотото на компанијата е „Зендолино“ маркети постојано мислат на Вас”.