Менаџерскиот тим на „Зендолино“ маркети уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност донирајки 125 брзи ковид тестови за потребите на Клиничката болница во Штип.
Станува збор за тестови од реномираната фирма Abbott кои бесплатно ќе бидат користени за брза детекција на вирусот на пациенти на кои тоа им е неопходно.
„Ние сме први којшто донираме брзи ковид тестови во Клиничката болница во Штип. Ова не ни е прва донација, сме донирале и претходно, но овојпат со поинаков карактер. Се донираа 125 тестови од реномираната фирма Abbott, и можам да кажам огромно е задоволството што во вакви тешки моменти можеме на некој начин да придонесеме и да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Гестот е со хуман карактер, и со цел да се потикнат и останатите приватни компании да донираат и да помогнат во спречувањето на ширење на корона вирусот“ – рече сопственикот на „Зендолино“ маркети, Ѓоше Зенделов.
Ланецот на „Зендолино“ маркети е присутен и во Кочани, а со оглед на фактот дека во Штип се лекуват и пациенти од Кочани, донацијата е од големо значење и за кочанчани.