„Зендолино“ маркети се грижат за здравјето на потрошувачите

„Зенодлино“ маркети се грижат за здравјето на своите потрошувачи, преземајќи  превентивни мерки за заштита од болеста КОВИД-19.

Во соработка со самопослужната автоперална „Pit Stop“, денеска беа дезинфицирани корпите за пазарување во двата маркети во Кочани.

„Зендолино“  маркети уште на почетокот на вонредната состојба презема  мерки за заштита на вработените и потрошувачите. Во сите маркети се поставени пунктови за дезинфекција на раце, а се применуваат и сите останати препораки од надлежните служби, со што  вработените и потрошувачите се целосно заштитени при посетата и престојот во маркетите.

Самопослужната автоперална „Pit Stop“  стои на располагање за бесплатна услуга на сите заинтересирани продавници и маркети, а дезинфекцијата на корпите се врши со средството дизентал.

Самопослужна автоперална„Pit Stop“ 078/553-531 и 078/546-646

Сподели:
  •  
  •  
  •