„Зендолино“ маркети ќе работат со скратено работно време

Поради воведената вонредна состојба во државата, „Зендолино“ маркети ги известуваат своите потрошувачи дека од утре 24.03.2020 (вторник) ќе работат со скратено работно време, почнувајки од 08:00 до 19:00 часот од понеделник до сабота, а недела од 08:00 до 15:00 часот.

Воедно менаџерскиот тим на „Зендолино“ маркети апелираат до своите потрошувачи да ги почитуваат насоките за одржување на безбедено растојание и дезинфекција на рацете при влегување и излегување од објектот.

И.Матеничарски

Сподели: