Зимската служба интервенира на градските улици во Кочани

По врнежните од снег и најавените минусни температури во ноќните часови, механизација на КЈП „Водовод“ – Кочани од попладнево е на терен, расфрлувајки песок по сообраќајниците низ градот.

Се интервенира на улици и крстосници во централното градско подрачје на Кочани со цел спречување на појава на голомразица.

Сообраќајот на улиците во Кочани се одвива по влажни коловози, а се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Сподели: