Зимски камп на ИО „Ластовица“

Во организација на Извидничкиот одред „Ластовица“ во периодот од 14 до 18 јануари на Пониква се одржа зимски извиднички камп. На петдневниот камп учество зедоа околу четириесет учесници од сите категории на одредот.  

На кампот се изучуваа извиднички вештини, се играа игри од забавен карактер, а во слободното време извидниците уживаа во снежната идила на Осоговските планини.  Учесниците на кампот учеа и вештини за укажување на прва помош и  начини за правилно движење во планина.

Покрај извидниците од Кочани на кампот присуствуваа и шеесет извидници од Првиот скопски одред со кои заеднички изведоа извиднички хајк.

И.Матеничарски