„Златно Зрно“ и „Астра Казино“ во финалето на Петровденскиот турнир во мал фудбал

Екипата на „Златно Зрно“ е вториот финалист на Петровденскиот турнир во мал фудбал по победата од 3–1 над тимот на „ВЛТ“ Грдовци, на вечерашната  втора полуфинална средба што се одигра на повеќенаменското игралиште во дворот на гимнзијата „Љупчо Сантов“.

Финалето на Петровденскиот турнир е закажано за в понеделник (12 јули) на Петровден, каде од 21 ч. ќе се сретнат финалистите, „Златно Зрно“ и „Астра Казино“.

Претходно, со почеток од 20 ч. ќе се одигра меч за трето место на турнирот каде силите ќе ги одмерат поразените екипи од  двете полуфиналиња, „Балкан Лукс“ и „ВЛТ“ Грдовци.

По одигрување на финалето од Петровденскиот турнир, на спортскиот терен во гимназијата „Љупчо Сантов“ ќе бидат прогласени  најдобрите учесници во екипна и поединечна конкуренција, односно најдобар стрелец и голман на турнирот. За првопласираната екипа предвидена е награда од 60 илјади денари, за второ место 30 илјади денар, а  третопласираната екипа ќе добие  15 илјади денари.

И. Матеничарски

Сподели: