Со златен медал се закити кик боксерот Лука Змејковски по победата над претставникот на Националната селекција на Молдавија, Дмитри Стоицов на Европскиот кик бокс куп што викеднов се одржа во Пловдив, Р. Бугарија.

Неговата клубска колешка, Нина Колева го освои бронзениот медал која во полуфиналниот натпревар загуби од натпреварувачка од Р. Бугарија. И двајцата кик боскери се членови на виничкиот кик бокс клуб „Лидер“ каде тренер е Дарко Гоцевски.

На Европскиот кик бокс куп настапија над 3000 натпреварувачи од 27 земји.
Со победа и освојувањето на златниот медал Лука Змејковски го зголеми бодовното салдо и го зачува првото место на светската кик бокс ранг листа.