Во организација на Боречката федерација на Република Македонија, а во техничка реализација на Боречкиот клуб „Балканец 2008“ денеска вo Штип се одржа Државното првенство во борење – слободен стил за мажи и жени до 23 години.
На првенството учествуваа борачи од клубови од Македонија, родени од 1999 до 2004 година распоредени во 10 категории.
Од Боречкиот клуб „Спартак“ – Кочани во женска конкуренција Марија Христова освои златен медал за прво место во категоријата до 53 килограми. Воедно, БК „Спартак“ го освои третото место во екипна конкуренција во категоријата жени.
Во машка конкуренција борачот Леон Трајанов го освои второто место во категоријата до 86 килограми, додека Јаким Јакимов во категоријата до 125 килограми и Дејан Митев во категоријата до 70 килограми освоија петто место.
Поранешните борачи на „Спартак“, Игор Христов и Гоце Ангелов учествуваа како судии на Државното првенство во борење во Штип.
Од БК „Спартак“ најавија дека на 5 и 6 март во Кочани ќе се оджи Државното првенство за јуниори каде ќе учествуваат боречки клубови и борачи од Македонија.
И. Матеничарски