ЗНАМ – Празни флоскули за Иднина,Европа и  очајни обиди за дискредитација на Максим се трите столба на кои СДСМ ја води  кампањата ….

Ги осудуваме написите по просдсмовските портали со оваа крвава фотографија и недоличен наслов  од тогашниот 27 Април 2017 година. Оваа фотографија  е гордост и чест за Максим и за секој чесен македонец кој осудува насилство!

Максим, ризикувајќи го сопствениот живот застана во прва борбена линија и со жив штит ги бранеше тогашните сопартијци кои подоцна му зарија нож во грб! Како што зарија нож во грб и на многу други чесни соборци  и борци за правда!

Тоа е традиционалниот  манир на владеењето на СДСМ ,  да се “убие” подобриот, да се понижи, да се омаловажи, да се тргне на страна..за да народот не може да направи разлика, дека има подобри , поспособни и попатриоти од нив, за да не им се одземе удобноста на фотељите и моментот на лажна и со народни пари  фингирана слава!

Затоа што не сакате такви борци за правада како Максим, туку климоглавци и послушници ви се омилени!! Не го злоупотребувајте ликот и делото на Максим за да го изамортизирате сопствениот пораз! Народот е уморен, разочаран , понижен , но е мудар,  ја позна и секојдневно ја спознава вредноста на Максим и Движењето ЗНАМ!   

Овој обезличен СДСМ, дополнително ги ослабнува  овој низок и морбиден чин  на злоупотреба на крвавите фотографии на Максим , факт е дека до толку се истрошивте , па пукате со ќор фишеци. Заглавени во безидејност, во недостаток што свое да понудите во предизборието, за да ви се крене рејтингот , очајнички посегнавте по крвавите фотографии со Максим! 

Очигледно Ве плаши Максим, Ве плаши ЗНАМ, затоа таа нервоза! А за иднината не се секирајте, таа почна и продолжува со Максим и Движењето ЗНАМ За Наша Македонија! А за простување,  побарајте прошка од сопствениот народ!

Суад Мехмед

Кандидат за пратеник -Движење ЗНАМ За Наша Македонија 

Сподели: