Зоран Тодоров – Ниту една советничка листа не ја потпиша нашата декларација, се отажувам од сите паушали како градоначалник и најавувам поддршка за земјоделието во Кочани

Почитувани,

Денешната прес-конференцијата пред медумите е од три причини:

Првата причина е што вчера заврши рокот кога останатите советнички листи можеа да ја потпишат Декларацијата со која се откажуваат од советничкиот паушал во цел за подобрување на живот на нашите граѓани. До денес никој не се одзва, ниту ја потпиша декларацијата. До колку не им е јасна декларацијата или не им се допаѓа содржината, ги замолуваме тие да ја напишат содржината, а ние ќе ја потпишеме. Да направиме нешто добро за граѓаните.

За да не бидат само совентиците тие кои дале нешто, првата одлука на градоначалникот кога ќе бидам избран, ќе биде дека се откажувам од паушалите, се откажувам од патните трошоци и службен телефон, како јас така и целата администрација, за која ветувам дека ќе биде поефикасна од сега, ќе има рокови за решавање на проблемите на граѓаните и ќе почнеме да се движиме во правец и ќе излгедаме на еден развиен и модерен град.

Третта тема што сакам да ја потенцирам е на иницијатива на граѓаните – односно на земјоделците. Од следната година Општината ќе бара да учествуа во планот на наводнување, во планот на тоа како ќе се одвива земјоделието во Кочани, не само наводнувањето, туки и седибата и се друго што ги засега земјоделците. Мораме да им помогнеме и да застанеме на нивна страна, бидејки централната не ги разбира проблемите на кочанчани. Ние секогаш ќе бидеме на страната на кочанчани и така ќе остане до крајот на нашиот мандат.

Зоран Тодоров – независен кандидат за градоначалник – група избирачи

Сподели: