Локалната самоуправа на Општина Зрновци започна со реализација на инфраструктурни проекти во делот на водоводната мрежа.


– Инсталирање на нов крак секундарна водоводна мрежа за обезбедување на вода со доволно количина и динамика на домаќинствата во м.в. Маренско маало и м.в. Босилиградско маало, промена на секундарна водоводна мрежа на ул. “Илинденска” во должина од 400 метри, промена на секундарна водоводна мрежа на ул. “Генерал Апостолски” во должина од 400 метри, соопшти градоначалникот Борчо Коцев.