Локалната самоуправа на Зрновци започна со пролетни активности за разеленување на јавните површини во општината и расчистување на диви депонии на подрачјето на селата Зрновци, Мородвис и Видовиште.
Почетокот на пролетта беше искористен за засадување на дрвца и разеленување на површините во дворовите на ОУ „Синиша Стоилов“ и детската градинка „Бисерчиња“ во Зрновци.
Од страна на вработените во локалната самоуправа, локалните институции и членовите на Локалниот младински Совет во текот на неделата ќе се разеленуваат парковските површини во Зрновци, Мородвис и Видовиште како и кејот на реките Зрновка и Морошка.
Во рамки на активностите за чиста и здрава животна средина, во неделата на неколку локации во општината се чистеа диви депонии од расфрлан смет и ѓубре.