Зрновци: Започна изградбата на прочистителна станица за комунални и отпадни води

Денес со воведување во работа, започнуваме со реализација на проект “Изградба на прочистителна станица за комунални и отпадни води со финансиска конструкција од 1 941 000 денари.

Со реализација на овој проект директно ја заштитуваме животната средина и решаваме горчлив проблем на жителите и посетителите во Видовиште.

– Продолжуваме максимално посветени за реализација на ветеното, дадениот збор, мора да се исполни, за доброто на сите граѓани и посетители на општина Зрновци, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Сподели: