Зрновци: Започнува проект за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Локалната самоуправа на Општина Зрновци започнува со реализација на проектот Пречистителна станица за отпадни води во село Видовиште.

Во просториите на локаланата самоуправа градоначалникот Борчо Коцев го потпиша договорот вреден 1,9 милиони денари.

– На почетокот на минатата година изготвивме проект и обезбедивме катастарска парцела за изградба на Пречистителна станица во Видовиште на местото каде што цела деценија претставува извор на зарази и загадувач број еден на земјоделските површини, Видовишка река и Брегалница, проблем за сточарите и земјоделците. Денес започнуваме постапка за избор на фирма изведувач за изградба и целосна изведба на проектот кој што до крајот на месец август ќе биде целосно реализиран, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.

Сподели: