Локалната самоуправа на Општина Зрновци изготви проектна документација за изградба на нов спортско – рекреативен центар во селото Мородвис.
Станува збор за проект вреден 6,5 милиони денари за кој веќе се поднесени апликации до можни донатори.
– По комплетно изготвена проектна документација и аплициран проект во село Мородвис на местото на земјеното игралиште ќе никне нов модерен спортско рекреативен центар.Овој спортско рекреативен центар ќе содржи модерно фудбалско игралиште, нова ограда, нови стативи и ново лед осветлување.Баскет игралиште, нови кошеви и ново лед осветлување, како и ново модерно детско игралиште и парк за рекреација на граѓаните – истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.
Како што информираа од Локалната самоуправа на Зрновци градежните активности се планира да започнат напролет.