Локалната самоуправа на Општина Зрновци и Локалниот младински Совет в недела, на 28 мај 2023 год., ќе го реализираат вториот традиционален урабно – ридски крос „Младите трчаат“ во чест на прерано згаснатиот живот на нивниот сограѓанин, Васе Ангелов.
Настанот е планиран да започне во 11 ч. со пристигнување на стартната позиција кај повеќеннаменското игралиште „Васе Ангелов“ во Зрновци. Кросот ќе започне од 12 ч. на патека долга 2.5 километри, од повеќенаменското спортско игралиште со цел до манастирот „Св. Тома“.
Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуаат може да се пријават на:
Елена Ристова – 077/505-536
Јасмина Ристова – 077/541-973
Билјана Пешева Ристова – 078/238-206
