Зрновци – Почна изградбата на нов локален пат до месност Гробишта кај Мородвис

Денеска почнаа градежните активности за изградба на локалниот пат до месност Гробишта во село Мородвис во Општина Зрновци во вкупна должина од 330 метри, инвестиција вредна 2.7 милиони денари.

Средствата за изградба на патот се обезбедени од Буџетот на РМ, преку апликација на владиниот повик за поддршка на проекти во локалната самоуправа.

– После 29 години постоење как Општина, денес почанавме со изградба на новиот локален пат во село Мородвис, со кој решаваме децениски горлив проблем за жителите на ова населено место од Општина Зрновци, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Зрновци.

Ширината на патниот правец е 3.5 метри, се врши пробивање и тампонирање со поставување на одводни цевки за атмосферска вода.

Сподели: