Зрновци – Се реконструира поранешната сала за венчавки, реновираниот простор ќе го користи Општината или ќе се изнајмува

Локалната самоуправа на Општина Зрновци започна со реконструкција на некогашната сала за венчавки, простор кој се наоѓа на приземјето во општинската зграда.

Станува збор за просторија од 50 квадратни метри која неколку години не е во функција, а со одлука на Советот на Општина Зрновци во следниот период ќе се издвојат 200 илјади денари буџетски средства за нејзина реконструкција и оспособување.

Неминовна беше потребата за реконструкција и реновирање на просторијата како би можеле овој простор во иднина да се користи од страна на Локалната самоуправа или можност за нејзино изнајмување, согласно донесена одлука од страна на Советот на Општина Зрновци.

Целта ни е рационално искористување на недвижностите кои ги поседува Општина Зрновци со можност за економска исплатливост.

За нејзино реновирање ќе се потрошат до 200 000 денари, средства од Буџетот на Општина Зрновци, предвидени за набавка на градежни материјали, а заради економичност во изведување на градежните активности ќе бидат ангажирани работници вработени во КЈП Водна кула од Зрновци, соопштија од Општина Зрновци.

Сподели: