Локалната самоуправа на Општина Зрновци во соработка со АД „Водостопанство“ подружница – Кочани започна со првата фаза на кастрење и расчистување на помошните земјени канали за наводнување во општината. Се врши машинско уредување и санација на каналите пред започнување на навиднителната сезона.

– Целта ни е ефикасно наводнување на земјоделските површини со доволна количина и динамика на вода во целиот атар на Општина Зрновци, со што значително би се олеснило вршењето на земјоделските работи на сите жители кои се занимаваат со земјоделие. Сакам да напоменам дека со амандман беше побарано од Владата на Република Македонија да одвои и испланира средства за канализирање на овие помошни канали за наводнување со изградба на каскади на река Зрновка за кој проект постои проектна документација и за истиот финансиската конструкција изнесува 6 600 000 денари, истиот од страна на Комисијата за Буџет беше одбиен, рече Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.
