Градоначалникот на Општина Зрновци ја потпиша Одлуката за јавна набавка за : Набавка на комбинирана машина ровокопач-утоварувач за потребите на општина Зрновци, со што се започна постапката за избор на економски оператор-набавувач.

– Општина Зрновци за прв пат во своето постоење ќе набави ваква машина со пазарна вредност од околу 86 000 евра, која што ќе најде секојдневна примена за подобрување на комуналната инфраструктура, навремено уредување на патна инфраструктура, полски и планински патишта, банкини и останати комунални дејствија кои што ќе овозможат значително подобри услови за функционирање на сите граѓани на општина Зрновци, соопштија од локалната самоуправа на Зрновци.