Некогашниот борач на БК „Спартак“ од Кочани, Иван Јанев ја понесе титулата Државен шампион на Македонија во борење до 61 килограм на годинешното „Државно изборно првенство за сениори“ во борење што се оддржа вчера во салата „Адем Јашари“ во Скопје.
Јанев кој сега настапува за БК „Бучим“ од Радовиш оствари четири победи во својата категорија и во голема конкуренција се закити со титулата Државен шампион на Македонија во борење до 61 килограм.
На Државното првенство учествуваа клубови и борачи од цела Македонија, во организација на Федерацијата на боречки спортови на Македонија.
Организаторот на сите победници им врачи дипломи кои со пласманот си обезбедија и влез во Македонската репрезентација во борење.
И. Матеничарски