Извршниот одбор на ОО на СДСМ Кочани, на последната седница едногласно го усвои предлогот за Секретар на Општинската организација да се назначи Ивица Лазаров, дипломиран економист со повеќегодишно работно искуство во областа на економијата.
Тој е член на СДСМ уште од 1998 година.
Како дел од раководните структури на ОО на СДСМ во Кочани во последните неколку години, неговото искуство му овозможува да се носи со предизвиците на оваа функција и доследно, одговорно и правично да ги извршува идните обврски и задолженија.
Лазаров доаѓа на местото на Марија Ангелова, која е веќе актуелен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.
ОО на СДСМ Кочани
Сподели: