Игор Христов- честика и изјава по повод 11 Октомври, Ден на востанието на Македонија

Почитувани сограѓани,

Денеска се навршуваат и чествуваат 84 години од почетокот на борбата за слобода на македонскиот народ против окупацијата и фашизамот. И самиот потекнувам од семејство чии претци биле револуционери и партизани.

Денеска зборот СЛОБОДА на многу места во светот зафатени со немири и војни има големо значење.

Пред 84 години и кај нас зборот СЛОБОДА бил мисловна именка за која многу наши сограѓани морале макотрпно да се борат за да сите ние ја уживаме денес.

Се наоѓаме на импозантно место, Споменикот на слободата кој неодамна со туѓи финансиски средства беше реконструиран.

Што можеме да забележиме:

Нивните вечни почивалишта и денеска нема да бидат посетени како и низ годините наназад. Нема ни QR code како дигитална алатка преку која домашните и странските посетители можат да прочитаат повеќе информации за местото.

Ги нема нашите симболи, нема јарболи со знамето на Македонија и на Општина Кочани, а недостасуваат и на нашите јавни установи како симбол на државност и празнување

Ги нема училишните хорови да ни ја испеат македонската химна,

Ги нема претставниците кој ја гарантираат и чуваат денешната СЛОБОДА, претставници на армијата и полицијата;

Овој историски момент е пропуштен затоа што немаме јавен историски час Македонските борбени песни недостасуваат, а има кои да ги пее

Ова беше можност да покажеме дека можеме да бидеме организирани;

Ова е можност да бидат приситуни најмалите кои преку кратка прошетка ќе реализираат еднодневна екскурзија на Споменикот на слободата и ќе се дружат

Ова е можност да видиме што се знаат и уменат нашите културно уметнички друштва со своите игри и песни, ова е можност да се оддржи јавен историски час и да се присетиме на значењето на 11 Октомври.

Ова е можност да имаме литературно читање и ликовна изложба каде до израз ќе дојдат творечкиот потенцијал особено на нашата младина. Ова е можност за одржување на макар симболичен спортски настан во чест на загинатите кои ни ја подарија СЛОБОДАТА.

Од секоја државна институција да беа присутни макар по двајца претставници чествувањето ќе беше уште поголемо и уште посвечено.

Пропуштаме моменти кои не учат како да бидеме патриоти и како да си ја сакаме и негуваме татковината.

Пропуштаме драгоцени настани за обединување и сплотеност.

За разлика од останатите , ние од Коалицијата предводена од СДСМ ветуваме радикална промена на концептот на само симболично положување на цвеќе туку обмислена програма со омасовување на ваквите празници преку присуство на луѓе и содржини во духот на празникот и патриотизамот. Ветуваме и дополнителна ревитализација на просторот на кој се наоѓаме

Затоа на 19 октомври ве повикуваме масовно да излезете и да го заокружите бројот 5 за градоначалник и бројот 5 за советници за Кочани биде одлично место за живеење!

ДА ЖИВЕЕ 11 ОКТОМВРИ, ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!

Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани од СДСМ и коалицијата

Сподели: