„Идентитетот е приказна“ – промоција по повод 70 години од раѓањето на Горан Стефановски

Во малата сала на Мултикултурниот центар во Кочани денеска пред љубителите на пишаниот збор беше промовирано делото „Идентитетот е приказна“ од авторот Иван Антоновски.

Книгата е излезена во печат по повод 70 години од раѓањето на македонскот драмски автор и есеист Горан Стефановски.

Делото „Идентитетот е приказна“ пред публиката го промовираше професорката, Весна Мојсова – Чепишевска.

Уметничко – музичкиот дел од настанот беше доверен на учениците и професорите од ООУ „Ристо Јуруков“.

Промоцијата на книгата е дел од програмата на годинешниот „Саем на книгата“ кој по шеснаесетти пат се организира во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.

Сподели: