Избор на нови членови на органите во неколку месни заедници во Општина Кочани

Поради истекот на мандатот на членови на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа.

Согласно Статутот на Општина Кочани, ќе се избираат нови членови на органите на облиците на месна самоуправа за населените места: Полаки, Ново Село, Горно Гратче, Костин Дол, Речани, Небојани и Главовица.

Изборот ќе се изврши на собир на граѓани, којшто ќе се одржи на 18 ноември, со почеток во 15 ч., во месноста викана Крушка.

Граѓаните со право на глас треба да понесат документ за идентификација – лична карта.

Сподели: